Секој хороскопски знак има свој непријател | Кој е вашиот ?

1408

ЛАВ

Најголем непријател: Риби

Лав е знак кој е многу горд, бара внимание и бара само-потврда од други луѓе. Рибите, од друга страна, се многу нежни и избегнуваат секаков вид внимание. Затоа, овие два сосема различни карактери не можат да остварат добри односи, пред се затоа што постои ризик дека Лавот многу лесно ќе ја повреди личноста родена во нежниот знак Риби. Дополнително, Лавот не ги поднесува пасивноста и имагинацијата на Рибите, поради што може да се роди непријателство меѓу нив.

ДЕВИЦА

Најголем непријател: Водолија

Девиците се интелигентни и аналитични, тие секогаш се водат со главата, па дури потоа со срце, поради што ги доживуваат Водолиите како неодговорни и честопати како личности кои не газат по земја. Од друга страна, Водолијата не толерира калкулирање, што е изразено кај Девиците, па ако тие поминуваат премногу време заедно, обично нивниот однос завршува така што Девицата почнува да ја презира Водолијата.

ВАГА

Најголем непријател: Скорпија

Друштвената Вага, како воздушен знак, може да се дружи со речиси секој. За разлика од неа, Скорпијата внесува премногу драма во животот на Вагата, поради што овој однос никогаш не може да потрае.

СКОРПИЈА

Најголем непријател: Лав

Слично како кај Овенот и Ракот, Шкорпија и Лав тешко можат да развијат квалитетен однос. Двата знака се многу горди и уживаат во доминацијата, па затоа е тешко да се најдат компромис. Иако можат лесно меѓусебно да се привлечат, многу брзо можат да паднат тешки зборови меѓу нив. Скорпијата може да создаде презир кон неможноста на Лавот да ги возврати нивните жестоки чувства.

Продолжува на страна 3