Сантиметар мраз ја зголемува потрошувачката на струја за 75%

1368

Мразот што се наталожува на ѕидовите на фрижидерите придонесува за зголемување на потрошувачката на електрична енергија, тврди бугарската компанија „Енерго-Про“.

Според компанијата, еден сантиментар мраз наталожен на ѕидовите на ладилникот ја зголемува неговата потрошувачка на струја за дури 75 проценти.

Поради ова „Енерго-Про“ препорачува редовно чистење на мразот од фрижидерот, како и негово поставување подалеку од шпоретот или печката.

– Со секое зголемување на околната температура за еден степен над 20 степени Целзиусови, потрошувачката на електрична енергија на ладилникот се зголемува за шест отсто, додава компанијата, нагласувајќи дека на фрижидерите отпаѓа 12 проценти од вкупната потрошувачка на струја во едно просечно семејство.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.