Речиси 85% од жените се во право кога ќе се посомневаат дека нивниот партнер ги мами

1947

Жените ги дебели бракот, мажите разводот

Жените имаат склоност да се здебелат откако сериозно ќе стапат во врска, веројатно затоа што тие имаат помалку време, а додека мажите почесто се здебелуваат по разводот, покажало истражувањето објавено 2011 година. Се претпоставува дека тоа е така затоа што после разводот го губат уредниот живот.

Фејсбукот е одговорен за една третина разводи

  • Заборавете на непомирливите разлики. Истражувањето спроведено 2011г. во Велика Британија покажало дека 33 проценти од барањата за развод го содржат зборот “Фејсбук”, што е значаен скок во споредба со 20 проценти од 2009 година. Што е причината? Несоодветните пораки на спротивниот пол.

Соживотот нè прави посреќни од бракот

  • За оние кои живеат “во грев” стигна утеха – новите истражувања покажуваат дека долготрајниот соживот може да биде емотивно поисполнет од бракот. Истражувачите 2012 г. утврдиле дека разликите помеѓу вонбрачната и брачната врска престануваат веќе по медениот месец и дека вонбрачните партнери можат да доживеат повеќе среќа и благодарност.

Секс и љубов во бројки

  • 74 проценти од мажите и 70 проценти жени многу повеќе уживаат во сексот откако ќе ги поминат 50-те години. Тогаш се самосвесни, знаат како да се препуштат и да уживаат и слободно да ги изразат своите желби.
  • 46 проценти од жените на партнерот би му дале шанса да ја спасуваат врската после измамамата. Истото би го направиле 37 проценти од мажите.
  • 58 проценти од луѓето се чувствуваат доволно сигурни со партнерот да ги споделат сексуалните фантазии. Но, за да го подобрите сексуалниот живот, неопходно е на партнерот да му се кажат желбите.
  • 85 проценти од жените е во правото кога ќе се посомнева дека партнерот ги изневерува. Мажите се малку послаби во идентификување на лагите – неверството на жената интуитивно го насетува само 50 проценти од мажите.
  • 68 проценти од мажите се убедени дека зад повикот на жената на кафе, всушност се крие покана за секс, покажало повеќегодишното истражување спроведено во Австралија.
  • 48 проценти од жените признало дека барем еднаш во животот одглумиле оргазам. Причините се многубројни и различни, но најчесто станува збор за тоа дека не сакаат да го повредат партнерот.
  • Жените се поподготвени да имаат секс кога се завршени домашните работи, а 84 проценти од жените со секс ги охрабрува мажите за чистење.

Продолжува на страна 3