Речиси 85% од жените се во право кога ќе се посомневаат дека нивниот партнер ги мами

1894

Дури 75 проценти од мажите кои добиле срцев удар во креветот биле со љубовница, а науката пресметала и најдобар одговор на прашањето “и колку ги имаше до сега?”

Љубовната афера не мора да значи крај на вашиот брак, но може да биде многу штетна за животот. Американската асоцијација за проучување на болести на срцето открила дека речиси еден процент од луѓето кои починаа од ненадеен срцев удар го претрпеле за време на сексуалниот однос. Помеѓу 82 и 93 проценти од нив биле мажи, а 75 проценти срцето ги издаде во текот – на вонбрачниот секс.

Иако лекарите кои биле инволвирани во студијата не сакаат да плашат, можно е дека се исплаќа да се остане лојален. Друга британска студија покажа нешто што всушност одамна го знаеме – мажите се однесуваат подобро кога се во друштво на атрактивни жени. Според истражувачите, поголема е веројатноста дека и тие ќе се однесуваат несебично, на што ги мотивира желбата да ја освојат потенцијалната партнерка.

На кратко, однесувањето би можело да биде опашката на паунот кај мажите од човечкиот род, вели ко –авторот на студијата, доктор Венди Иредал. Интересно е дека не е потврден реципроцитетот, односно не може да се зборува за тоа дека и жените реагираат на ист начин на убав маж. Истражувањето покажало дека нема потреба да се лаже партнерот дека тој ви е прв.

Не затоа што тоа во 40-тите може да се чини глупаво, туку затоа што се чини дека се цени ако пред цврстата врска сте имале – јато бивши. Така барем, тврди Петер Тод, професор по информатика и когнитивните науки на Универзитетот во Индијана, кој вели дека идеален број на претходните партнери – е 12.

Истражувањето кое го спроведе покажало дека 12 различни врски е оптимално, за да имате јасна слика за она што барате од партнерот и да ги разберете неговите стандарди поврзани со односот. Значи, почестете го со реченицата: “Душо, ти си ми тринаесетти.”

Продолжува на страна 2