Мора да вложите многу напор за да се префрлите од негативниот став во неутрален, па евентуално да се борите за позитивен … Често најголемите грешки во изборот на луѓето, се случуваат кога ќе се обидете да ја демантирате оваа неправда и да покажете дека немате драма со својата убавина .. Јас мислам дека тоа совршено одговара на прашањето “Зошто убавите и паметни жени завршуваат со кретени?” Се разбира, под претпоставка дека сте арогантна, луѓето понекогаш имаат и право. Обдарени со убавина и подобар изглед од другите, некои од овие жени веќе во текот на детството развиваат чувство на физичка супериорност, но, исто така, и на ментална несигурност која се поврзува со убавината.
Имено, не е точно дека до сите достигнувања се доаѓа полесно, туку сосема спротивно!
Ви приоѓаат со претпоставката дека сте тупи, необразовани и всушност до сѐ сте дошле задоволувајќи ја страста на професорите, менторите, шефовите, директорите … Што не е и не може да биде вистинито! Секако дека убавите жени почесто доаѓаат во можност да напредуваат на тој начин, но ако нивната убавина е единствениот адут напредокот е невозможен! (!!!) И не само тоа, туку од таа позиција брчките и целулитот се вашите смртни непријатели. Затоа што отстапница немате. Стареењето не е лесно за никого, но особено тешко е за оние кои имаат многу да изгубат – на некој кој својот идентитет и достигнувањата го градел на убавината. Таков тероризам, губење на личноста ги присилува жените да влечат очајни потези како што е зависноста од пластичната хирургија. Преку медиумите се сугерира дека убавината е “стока” на пазарот. Ако не избереме отстранување на мастите, затегнување и ботокс, тоа се толкува како неуспех во користењето на сите расположливи средства да го задржиме младешкиот изглед и социјално пожелен изглед. Каков ужас!
Се разбира, убавината е предност (но само) во некои професии, но на повеќето е сосема спротивно. Верувајте ми, секогаш кога гледам убав научник, политичар или претседател помислувам “Мајко моја, ова е ѕвер! И на неа треба да ѝ се даде од сѐ по два пати, бидејќи што се таа кутрата морала да помине да добие шанса да покаже дека не е ретардирана, а камо ли да постигне таков интелектуален успех!” Како што веќе наведов, привлечната жена мора да се соочи со предрасудата дека е лесна жена, која добила работа врз основа на изгледот или со умешност ги задоволила сексуалните апетити, и со претпоставка дека сите нејзини достигнувања се постигнати со помош на изгледот.
Кога сте убави од надвор, луѓето помалку веруваат дека сте шармантни и од внатре. И додека убавината секогаш се поврзува со опсесијата за диетите и вежбањето, неоправданиот егоизам и нељубезноста наспроти другите жени, тоа е многу ретка вистина. Јас лично познавам голем број на многу убави жени, и верувајте за ниту една од нив не би било фер да се каже дека е злобна! Напротив.
Продолжува на страна 3


















