Се разбира, ако сте убави привлекувате повеќе внимание. Знам, звучи одлично … Но, не е!
Никој не сака да биде постојано под контрола. Можеби понекогаш, ако сте навистина задоволни посакувате да сте во центарот на вниманието, а тоа е човечки … Но, тоа е еднаш од десет пати, кога излегувате на улица! Што е со оние другите девет пати ? Никој не сака по весниците да му се провлекуваат слики со целулит, мрсна коса, мозолчиња, недепилирани пазуви, истегнати маици …
Диета. Или уште подобро кажано диети. Се разбира, сите внимаваме што јадеме, но кога сте убави и ве придружува чувството дека ве набљудуваат, тоа станува опсесија од која нема бегање. Коку сте оптоварени со изгледот во вашиот мозок се намалува просторот за размислување за било што друго. А тоа не е толку лошо, затоа што немате време за размислување за вистинските проблеми. Единствена тема која ве интересира е тоа што сте јаделе и колку ќе изедете за следниот оброк.
Во неделата, преправајќи се дека сум пасивен набљудувач, ја напишав во главата колумната која ја читате. Гледав дефиле на десетина многу посебни жени, поранешни модели, на чија младост бев сведок како и тие на мојата … Чии бремени стомаци ги сретнував во градот … Чии драми слушав од самите нив … Чија најблескавата младост и исполнетоста на животните сокови ги гледав од далечина …! Према повеќето годините биле милостиви, а неколку од нив претрпеле, за мене, целосно очекувана трансформација на подобро. Овој пат не лебделе над пистата, како пред триесет години, туку ја поседувале. Сите четири се успешни бизнисменки и среќни семејни жени. Единственото нешто што овие четири жени во младоста ги двоело од другите убави жени од нивната фела, е – вонсеријска посветеност и професионализам. Сите тие работеле. И ревиите на Есенскиот велесаем и Yves Saint Laurent (Ив Сен Лоран) ! Не доцнеле ниту на едната ниту на другата. Беа побарувани заради голем број на текстилните фабрики, креаторите и бутиците, кои приредувале приеми и објавувале каталози. Денес манекенството е нешто друго …
Пред 20-тина години просечната манекенка тежела можеби 10 % помалку од просечната жена. Денес тежат, па јас би кажала, 50 % помалку. Повеќето од денешните модели на пистите ги исполнуваат критериумите на анорексија.
Продолжува на страна 4


















