ТЕМНИТЕ ТАЈНИ | Подгответе ги вашите капи од алуминиумска фолија, ви ги пренесуваме 10-те најзлобни теории на заговор

506

Низ годините слушаме и читаме разни теории на заговор, некои повеќе, некои помалку луди.

Ви пренесуваме некои од најзлобните теории на заговор што некогаш се појавиле на интернет.

Некои од овие теории се веќе стари и на нивните поборници веројатно веќе им е здодевно да ги убедуваат сите околу нив дека едноставно не се реализирале, но никогаш не се знае.

Во секој случај, подгответе ги капачињата од алуминиумска фолија, бидејќи следат следните теории на заговор:

1. George H.W. Bush е испратен од нацистите да ја уништи Америка

Ако му се верува на интернетот, Џорџ Буш Постариот всушност бил нацистичка марионета испратена да ги уништи САД, што е само едно објаснување за неговиот претседателски мандат.

Според застапниците на оваа теорија, George Scherff, како што тогаш го нарекувале, синот на George H. Scherff (Грманеец кој патем му бил сметководител на Никола тесла) бил посвоен од Prescott Bush нешто пред 2 светска војна. Бидејќи и Тесла е вклучен во приказната, можете да замислите каде оди теоријата, а ако ве интересира, можете да ја прочитате тука.

2. Иранската Влада го убила Michael Jackson

Теориите на заговор околу смртта на Michael Jackson тешко е воопшто да се набројат, но една од морето причини зошто некој би го убил кралот на попот се издвојува. Иранската влада го направила ова за да го одвлече вниманието на светската јавност од протестите против тогашниот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Доказ? Michael Jackson RIP го отстрани хаштагот #iranelection од првото место на водечките Твитер трендови веднаш по неговата смрт во јуни 2009 година.

3. САД се на работ на втора граѓанска војна и Владата знае за тоа

Одделот за домашна безбедност на САД, наводно, купил 450 милиони парчиња муниција, тајните концентрациони логори веќе се формирани низ целата земја, а залихите пластични ковчези се зголемуваат на поле во Џорџија.

4. Втората светска војна е одглумена

Филип Петен и Адолф Хитлер

Притоа, не како да е договорен исходот, или дека пропагандната машинерија ја сменила вистинската вистина (такви работи се слушаат и од нашата Влада) туку дека се е лажно смислено од Илуминатите и дека Втората светска војна никогаш не се случила. David Richards тврди дека „официјалната верзија на Втората светска војна се урива како кула од карти штом малку ја изгребате површината“. Тој тврди дека сето тоа е заговор на илуминатите кои преку нивните медиуми ја сервираат приказната за да го преплашат светот и на тој начин да го освојат. Тезите на Richards паѓаат во вода штом би се прашал зошто студентите по историја не дошле до таков заклучок (или семејствата на загинатите, кога веќе зборуваме за тоа).

5. Живееме во временска коцка

Основниот принцип е неверојатно едноставен – она што го доживуваме како еден ден се всушност четири дена кои се случуваат во исто време. Објаснувањето (од 8.000 зборови) е многу покомплицирано. За жал, страницата на Otis Eugene Ray е избришана во 2015 година, но фактот дека тој тврди дека е полубог на натчовечката интелигенција доволно зборува за тоа колку е веродостоен дотичниот електротехничар.

6. Земјата е шуплива

Сè што некогаш ти кажал некој професор по географија (и физика) е погрешно. Земјата е шуплива сфера во чија внатрешност живеат скриени цивилизации. Влезовите во внатрешноста се на Северниот и Јужниот Пол, а некои тврдат и на други места познати само на античките цивилизации. Теоријата има неколку варијации – според некои, сите вонземјани кои ја посетиле нашата планета всушност дошле од внатрешноста, според други, Adolf Hitler и другите нацисти се криеле во внатрешноста по завршувањето на Втората светска војна.

7. Аеродромот Денвер е седиштето на Новиот светски поредок

Ова меѓународно пристаниште е прогласено за најдобро управуван американски аеродром во 2002 година, а набргу потоа и седиште на Новиот светски поредок. Зашто, има ли подобро место за средба со мистериозна светска елита од едно од најпрометните места во светот. Поддржувачите како непобитен доказ го посочуваат муралот на Leo Tanguma “In Harmony With Nature”, кој според нив всушност го прикажува уништувањето на цивилизацијата, преземањето на светот и контролата на умот. Затоа што, сем тајните на друштвото се наоѓаат на прометни места, а своите намери ги рекламираат со џиновски мурали.

8. Барак Обама е антихрист

Според истражувањето од 2014 година, дури 13 отсто од Американците се убедени дека Обама е антихристот, а дополнителни 13 отсто сметаат дека тоа е можно. Не како неговата политика да е лоша, не како злобна (или уште полошо, комунистичка), туку дека актуелниот претседател е олицетворение на злото, Сатана со глава и брада.

9. ASL ice bucket challenge е сатанско крштевање

Сетете се на тој предизвик кога многу познати личности истуриле ледена вода (што помогна да се соберат 100 милиони долари за истражување на болести? Според интернетот, станува збор за сатаничкото крштевање и сите оние кои биле натопени во ледена вода всушност биле регрутирани во војската на сатаната на крајот на светот. Објаснување? Го промовираа познати личности, а сите познати личности се членови на тајни сатанистички секти ….

10. Месечината не постои

Теоријата дека слетувањето на Месечината е снимено во студио под раководство на Stanley Kubrick е за аматери: теоретичарите на заговор – level pro – тврдат дека Месечината воопшто не постои и дека е холограм. Најмалку 4 проценти од Американците веруваат во теоријата на David Icke за тоа како гуштери владеат со светот, но дури и тие малку потешко ја „пушат“ оваа приказна.