Потртебно
- 300 г пилешко филе
- 100 г пушена сланина
- 200 г рендан кашкавал
- 50 г путер
- 100 мл масло
- сол
- црн пипер
- 1 глава кромид
- 1 врска свеж кромид
- 250 г печурки
Подготовка
Пилешкото филе се сече на големи коцки. Се вари во солена вода. По желба може прво да е сварено месото цело, па потоа да го исечете на крупни парчиња.
Сланинатат се сече на мали коцки. Печурките и двата вида кромид исто се сецкани. Загрејте масло на средна температура во длабок сад и во него испржете ја главицата кромид и младиот кромид. Извадете ги од тавата. Исцедете ги и распространете на дното на тавата за печење.
Пржете ги печурките, претходно исечени. Потоа ставете ги и нив. Конечно запржете ги пилешкото и сланината во маста. Наредете и нив во садот и распрснаете врз нив парченца путер. Посипете со кашкавал и зачини (сол и црн пипер) и печете во загреана на 200 степени рерна.



















