По завршувањето на средното училиште, Брит Лети Мекмастер (26) отпатува за Танзанија каде имала намера да помине еден месец волонтирајќи во дом за деца без родители. Денес, осум години подоцна, таа живее со 14-те деца што ги посвои.
Наместо еден месец, Мекмастер остана во Африка три години, сè додека не се затвори сиропиталиштето. Сепак, дури и по затворањето, таа не сакаше да се откаже од децата со кои работеше, па ја поведе постапката и посвои девет деца кои требаше да бидат исфрлени на улица по затворањето на домот.
Во изминатите осум години, таа посвои уште пет деца кои ги најде како питаат и живеат на улиците во Велика Британија, така што 14 момчиња и девојчиња сега живеат во нејзината куќа.
Таа поминува девет месеци годишно во Иринга, каде што се наоѓа нивната семејна куќа, а остатокот од годината оди во Велика Британија каде се занимава со хуманитарни акции.

„Некои од нив ме сметаат за мајка, а други ме гледаат како постара сестра. Јас сум посветена на нивно воспитување најдобро што можам и многу сум среќна што имам две семејства“, изјави Мекмастер за „Сан“.
Таа додаде дека решила да ги посвои кога видела како персоналот во домот се однесува многу лошо со нив. Тие ги земале парите што децата ги добивале во донации, ги хранеле еднаш дневно, физички и психички ги малтретирале.
Момчињата и девојчињата што ги посвои денес, тренираат фудбал, свират разни инструменти и редовно одат на училиште. Освен што посвои 14 деца, Мекмастер отвори и Безбедна куќа каде што храни, облекува и прима деца од улица секоја недела.



















