Замислете се себе во следнава ситуација и запрашајте се што ќе направите:
Расправијата со партнерот околу вршење на домашните обврски прерасна во огромна расправија. Во солзи ја повикавте сестра си и и го отворивте срцето. Таа ви даде неколку совети и вети дека нема да зборува на другите за вашиот проблем.
Една недела подоцна, за време на ручекот во поширок семеен круг, вашиот брат тивко ве прашува дали вие и вашиот партнер ги измазнивте работите или станаа покомплицирани. Бидејќи не сте кажале ниту еден збор никому за кавгата, освен на вашата сестра, сфаќате дека таа ја изневерила вашата доверба. Како ќе реагирате?
А – Демонстративно ќе станам од масата барајќи сестра ми да дојде со мене во кујната. Тогаш ќе и кажам, можеби прегласно, дека сум згрозен што ја предаде мојата доверба и ќе продолжам да ја „бомбардирам“ иако е на работ да заплаче.
Б – Ќе крцкам со забите бесно и ќе ја вртам главата на друга страна цела вечер избегнувајќи го погледот на сестра ми. Кога ќе ме праша што се случува, ќе и кажам дека е во ред, но ќе ја напуштам вечерата рано и строго ќе ги избегнувам нејзините телефонски повици во следните неколку недели.
В – Ќе седам на маса со грчеви во стомакот, а потоа ќе го поминам целиот викенд размислувајќи за сè што се случи. Нема да и кажам збор на сестра ми, но повеќе нема да и ги доверувам приватните проблеми на неа, ниту ќе разговарам со неа за нешто што е важно за мене.
Г – За време на вечерата го извадам инцидентот од глава, но пред да одам дома ќе ја замолам сестра ми утре да се најдеме на кафе. Тука ќе и кажам дека сум свесна дека ме изневери и ги повреди моите чувства и дека ќе ми треба време да и верувам повторно.
ОДГОВОРИ ⇓ На страна 3



















