Одговор А – реактивен стил
Одговарате на навреди и неправда веднаш, честопати со бучава и тропање на вратите. На краток рок, овој пристап брзо ќе ви донесе задоволство, но на долг рок ќе ја изгубите почитта кон околината, вели психологот Симон Рего. Луѓето во вас ќе видат нестабилна личност или силеџија кој е подготвен да ги злоупотреби другите за да направи сè да биде по негово. Експлозивните луѓе честопати ги прогонуваат чувства на вина и срам затоа што не се контролирале или повредиле некого. Поради силен стрес, страда и срцето и се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Одговор Б – пасивно агресивен стил
Кога сте лути, мислите на индиректно напаѓање на лицето кое ве притискало, саботирање или озборување, поткопување или казнување со тишина. Имајте на ум дека вашата околина многу брзо ќе го дешифрира ваквото однесување што на крајот води до она што сакате да го избегнете – директен конфликт.
Пасивно-агресивните луѓе поминуваат многу време размислувајќи за тоа како е направена неправда кон нив, што предизвикува емоционални и физички проблеми, како што се зголемена болка и вознемиреност.
Одговор В – Избегнување
Се однесувате како сè да е добро, и буквално се распаѓате. Интернализацијата ја уништува самодовербата. Бидејќи не сте во можност да ги искажете вашите сопствени потреби, мислите дека сте слаби што доведува до депресија, вели д-р Џаир Соарес.
Одговор Г – директен стил
За вас не е ни најмал проблем да признаете дека сте лути, но за разлика од експлозивните реактиви, вие нема да кажете сè што ви паѓа на ум во тој момент, туку ќе формулирате рационален, конструктивен и учтив пристап пред да ја отворите устата.
Тоа е идеален одговор и продолжете да го применувате, вели д-р Рего. Јасен и директен пристап е најефективниот начин да се „помине“ низ лутина и да се постигне позитивно и брзо решение. Во директен стил, покажувате дека ги почитувате потребите и чувствата на другите, без да ги заборавите сопствените емоции.



















