Дали вонземјаните ги бараме на погрешно место?!

853

Потрагата по живот во вселената е концентрирана на егзопланети кои кружат околу далечните sвезди. Новата теорија сугерира дека екстремниот облик на „нуклеарен живот“ се бара во внатрешноста на ѕвездите.

Додека постојано го скенираа небото во потрага на планети слични на Земјата, на кои е можен живот, научниците за лов на вонземјани можеби го занемарија изворот на потенцијални екстремофилни суштества – самите sвезди.

Како што сугерира името, екстремофилите се организми кои живеат во екстремни средини и вклучуваат различни форми на бактерии кои напредуваат во екстремно топли, студени, кисели, базични или радиоактивни делови на универзумот.

Новата студија на физичарите Луис Анхордоки и Јуџин Чудновски од Универзитетот во Њујорк, укажува на постоење на таканаречен „нуклеарен живот“.

Човештвото допрва треба да ги открие овие еднодимензионални космички низи и елементарни честички со само еден магнетски пол што ги создава (монополи), но новата студија се претпоставува дека тие можат да се формираат во еднодимензионални, дводимензионални и тродимензионални структури, главно на ист начин како атомите што се спојуваат со хемиски врски и формираат органски молекули.

Овие космички „сложени“ структури на крајот би преживеале доволно долго во срцето на ѕвездата за да се размножат користејќи енергија на фузија, теоретски предизвикувајќи ѕвезда да потемни.

Уште позачудувачка е идејата на Чудновски дека овој „нуклеарен вид што се самореплицира“ може да развие интелигенција, потенцијално надминувајќи ја нашата.

„Бидејќи тие би се развиле многу брзо, би можеле да најдат начин да го истражат космосот надвор од нивната ѕвезда, како што направивме и ние“, вели Чудновски.