Некои предвидувања укажуваат на можност за претстои долга и ледена зима. Дали доаѓа зима каква што никогаш порано не сме почувствувале?
Сè повеќе светски метеоролози предвидуваат дека ќе пристигне бран од Арктикот. Таквата зима им се заканува на Северна Америка, Европа и Азија кон крајот на јануари.
Ледениот бран скоро никогаш не го напуштил Северниот пол. Сепак, сега предвидувањата се различни, особено за земјите од Европа, Азија и Америка.
Сепак, метеоролозите не очекуваат брутална зима, како онаа од 2014 година, но тие предвидуваат многу студени зимски денови.
Зимата во 2014 година, температурата во Чикаго падна на минус 27 степени Целзиусови и не е невообичаено студениот воздух од Арктикот да навлезе уште појужно, се наведува во извештајот на Bloomberg..
Тод Крафорд, водечки американски метеоролог, истакнува дека по скоро двегодишно затишје, на северната хемисфера и се заканува навлегување на ледениот воздух од Арктикот.
Очигледно ќе има возбудлив период со студени денови и снег, – вели Крафорд.
Студениот воздух веќе пристигна во Западна Европа и Кина.
Во Париз, температурата е за три и пол степени пониска од просечната за овој период од годината. Во Мадрид е дури 6,9 Целзиусови степени постудено од вообичаеното, а во Пекинг температурата падна на рекордно ниско ниво, па во четвртокот беше минус девет степени.
Технички, станува збор за поларни ветрови кои кружат околу Арктикот и го одржуваат студот „заклучен“ далеку на север, но со зголемувањето на температурите, познато како нагло стратосферско затоплување, студениот воздух може да го пробие поларниот „обрач“ и да се упати кон југ.
Тоа носи студено време насекаде на северната хемисфера, иако, очигледно, оваа година ледениот бран најверојатно ќе остане само во САД, посочува Рајан Трухел, претседател на компанијата „Wind Tiger LC“.
Бројни метеоролози сугерираат дека нема гаранции дека предвидувањата за вакво студено време навистина ќе се остварат.
Многу пати во минатото, прогнозите за студено време беа само лажен аларм, потсети Џим Роулер, водечки метеоролог во „Energy Wind“.