Пофалете ги деца заради нивната чесност, дури и кога ќе признаат дека направиле беља!

2665

Децата на возраст од 4 и 5 години позитивните чувства ги поврзувале со лажење и очекувале дека признавањето ќе доведе до лоши чувства. Постарите деца имале сосема спротивна реакција. Децата на возраст од 7 до 9 години, позитивните чувства ги поврзувале со признавањето.

– Овие разлики беа очекувани – објасни Крег Смит, бидејќи постарите деца типично размислуваат за ситуацијата на покомплексен начин отколку помладите деца, како што е разбирањето дека човекот може симултано да чувствува среќа што има слатки, но и вина што ги украл.

– За да го поттикнете детето во иднина да ја признае грешката ќе мора да заборавите за заканите и казните. Тоа значи дека родителите треба да се фокусираат на тоа да се обидат да не се налутат по признавањето – рече Смит.

Не знаат да лажат

Експертите се согласуваат дека децата до 4тата година не се способни да направат разлика помеѓу вистината и лагата. Лажењето е дел од растењето, така што предучилишните деца лажат заради развиена имагинација, помладите училишни деца за да ги задоволат возрасните, а оние постарите мислат дека така ќе го решат проблемот. Спречете го ова со соодветна реакција.

Бидете пример за нив

Децата учат од нас, па треба да се обидете да бидете добар пример за нив. Понекогаш несвесно ги учиме да лажат, кога им велиме на некој кој нѐ повикува на телефон да му кажат дека не сме тука, или ќе им напишете белешка за на училиште, кога за тоа нема потреба. Дури и малите и “бели” лаги на крајот се само тоа – лага.