Спонзоруша е име за жена која е љубовница или девојка обично на постар маж, со кого ги минува своите денови и ноќи поради неговите пари.
Понекогаш наместо пари доволни се неговиот углед, луксузот кој го нуди, статусот во општеството, а се разбира, омилена е и комбинацијта на сите овие нешта.
Во Википедија можете да налетате на терминот дека се користи со почетокот на 90-те години во белградскиот жаргон, а потоа се проширол и во другите земји на поранешна Југославија, но испочитуван е и кај нас.
Главно како навредлив термин
Но, дека нема ништо лошо во желбата девојката или жената да го најде мажот кој ќе може да ги задоволи сите нејзини (материјални) потреби, сметаат основачите на првото училиште за апонзоруши кои својата врата ја отвориле во Њујорк.
Карла абоние и нејзиниот ментор и “татко“ Алан Шнајдер, ја осмислиле програмата со која жените се подучуваат како да најдат “добро поткован“ маж.
“Ќе ги оспособам девојките (жените) како да ја третираат врската за таа да биде просперитетна и за едната и за другата страна“, вели оваа спонзоруша.

Пет клучни елементи околу кои ќе се врти ова несекојдневно образование, а кои се од суштинско значење, се:
- Сексуалност
- Разбирање
- Великодушност
- Привлечност
- Взаемност

“Да не сте помислиле дека се се врти околу сексот. Тоа едноставно не е точно, а ние сме тука да ги научиме како да ја откријат искрата и искрено да се поврзат, а многу такви парови на крајот завршуваат со венчавка“, вели спонзорот.
“Sugar Daddy University“ околу себе собра и стручни лица, како што се пластичните хирурзи и финансијските советници, кои ги советуваат девојките (жените) како да изгледаат што е можно подобро, а спонзорите, како најпаметно да вложат во нивниот изглед.
Карла “тато“ го побарала по серија не неуспешни врски кои и оставиле горчлив вкус во устата (и фигуративно и буквално), а сакала, вели таа, да се чувствува посебна, па се фрлила на истражување. Знаењето одлучила да го сподели со други жени.