Тим научници од Австралија уште во 2015 година откриле една егзопланета оддалечена 500 светлосни години од Земјата, што орбитира околу мала ѕвезда.
Станува збор за планетата HAT-6b, а научниците биле зачудени од нејзината големина.
Егзопланета е откриена на оддалеченост од 500 светлосни години од Земјата, а научниците биле зачудени од нејзината големина. Планетата HATS-6b е гасовид гигант и едноставно е преголема за својата матична ѕвезда околу која се движи во мала орбита каде што за еден круг и се потребни само 3.3 земјени денови.
– Планетата веројатно настанала далеку од матичната ѕвезда, но на некој начин мигрирала и ѝ се приближила. Се уште не ни е јасно како се случило тоа, изјавил Џорџ Чоу од Одделот за астрономијата и астрофизиката на националниот универзитет во Австрија.
Астрономите знаат дека планетите се формираат од диск материја која се формира околу новонастанатата ѕвезда. Исто така, се смета дека околу овие мали ѕвезди се формираат мали планети поради „неискористениот“ материјал.
Токму затоа научниците се прашуваат како е можно голема планета да се формира околу релативно мали ѕвезди, HATS-6.
– Постоењето на планетата HATS-6b претставува предизвик за научниците во поглед на теоријата за создавањето на тие небески тела. Тие сега имаат задача да објаснат зошто големи планети се формираат околу мали ѕвезди, односно како доаѓа до тоа „вообичаеното правило“ да се прекрши, додал Чоу.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















