Основни карактеристики на осипот кај сипаниците (варичела)

8540

Varicella zoster virus

Лекување

Лекувањето е симптоматско, а подразбира превенција на појава на секундарни, бактериски компликации.

Неопходно е:

Пред сѐ, детето да се изолира од колективот додека не исчезне и последниот меур, а и неколку дена подоцна – што е особено важно во детските колективи, каде што ширењето на инфекцијата е многу лесно и брзо.

Спроведете мерки на лична хигиена – детето да се тушира. Не долго да се капење во када, за да не се оштети оспипот, а потоа наместо да го избришете тапкајте ја водата од телото на детето. Редовно кастрете ги ноктите.

Хигиена на просторијата каде што престојува детето – чиста постелнина, проветрена просторија

Во случај на силно чешање, може да се применат краткотрајни хипермангански бањи или некоја пудра за ублажување на чешањето (пудрата не е омилено средство меѓу лекарите, бидејќи промените ќе се “запечат” и можат лесно да се оштетат, но ако е повеќе од потребно да се примени и тоа средство).

Ако детето има температура, намалувајте ја со познати процедури.
Исто така, важна е лесна исхрана – како превенција на компликации од страна на органите за варење како и последичните дијареа и повраќање.

Не ја прегревајте просторијата каде што детето престојува!

Ако општата состојба на детето дозволува и тоа се чувствува “добро”, не мора нужно и строго да мирува.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО! Контактирајте го вашиот педијатар со првиот знак на болеста !!!!