Основни карактеристики на осипот кај сипаниците (варичела)

8542

Varicella zoster virus

Стадиуми на болеста

I Фаза на инкубација – трае 14-15 дена (10-20 дена)

II Продромална фаза на болеста {Продром доаѓа од зборот грч. προδρομος, (во превод – “претходник-пред да започне”), и е симптом или група на симптоми кои се јавуваат непосредно пред почетокот на акутната фаза (период) на болеста.} – трае 1-2 дена и кај децата е помалку изразена, иако е присутна. Таа се карактеризира со појава на општи симптоми на болеста: треска, слабост, малаксалост, губење на апетит, болки во мускулите и зглобовите, летаргија на детето, расплаканост, поспаност, главоболка, и слично.

III Еруптивна фаза на болеста – ја карактеризира појава на типичен везикулозен осип во вид на меури исполнети со бистра течност, придружени со интензивно чешање. Осипот избувнува во налети, а карактеристичен распоред на осипот првo се јавува на торзото, на главата и лицето, и, на крајот, ги зафаќа рацете и нозете. Водните меури се наоѓаат на површината на кожата, а ги опкружува црвена зона. Креирање на зрел оспип трае околу 2-3 дена за секој меур.

Овој везикуларен осип се јавува насекаде по кожата и слузницата (енантем), и се забележува во усната празнина, на окото, гениталиите. Сепак, како што осипот ја зафаќа видливата слузница, така може да се јави и на слузницата на внатрешните органи.

Понекогаш е можно во текот на болеста да се појават само неколку осипи, а понекогаш се појавуваат мноштво. Нема правила. Содржината на везикулите е првично бистра, а потоа станува матна, по што се сушат и се развива корка (краста), која не остава лузна.

Како што осипот избувнува во налети, на кожата е можно истовремено да ги видите сите развојни фази од оспипот, од макулата, преку папулите, везикулите до крастата. Самото избивање на осипот трае само 7-8 дена.

IV Фаза на регресија – повлекување на симптомите – во оваа фаза доаѓа до постепено повлекување на сите симптоми. На кожата се гледаат многу суви везикули и красти. Со отпаѓањето на корката на кожата останува поле на слаба пигментација, а може да остане и по некоја лузна (ако имало чешање).

V. Фаза на реконвалентност – обновување – периодот кога детето треба да ја поврати својата сила и енергија. Пожелно е да трае неколку дена.

Севкупната болест обично трае околу 10-14 дена. Доенчињата (до една година), како и возрасните, можат да добијат тешка форма на болеста, што може да предизвика сериозни компликации.

Иисклучително е важно, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да го однесете детето кај педијатарот, заради адекватна дијагноза и лекување !!!

Продолжува на страна 4