Дали е штетно да се плива на полн желудник, дали бела маица може да замени крема за сончање…

124

Сите знаеме дека е штетно да се плива на полн желудник, но дали тоа навистина е точно?

Летните пораки како тие „не пливај со полн желудник‟ или „намокри ја раната во солена вода побрзо да заздрави‟ се уште за многумина се правилник на кој строго се придржуваат на годишните одмори.

Меѓутоа, тие мудрости од нашите повозрасни науката ги демантира и цврсто стои зад теории кои сепак се попаметен избор, ако ни е важно здравјето.

1. Натопување на рана во солена вода го поттикнува нејзиното заздравување

Ова е мудрост која често ја слушаме од постарите генерации која всушност не е вистинита во сите случаи. Вистина е дека постојат рани кои по контакт со солена вода побрзо заздравуваат, а тоа се тие кои инаку побавно зараснуваат бидејќи се длабоки и нечисти. Помалите повреди, како тие предизвикани на пример од паѓање од велосипед, посебно кај децата, не е добро да се изложуваат на солена вода, бидејќи таа таквите рани ги нагризува и го отежнува нивното заздравување.

2. Заштитниот фактор 30 многу подобро штити од заштитниот фактор 15

Апсолутно неточно. Крема со фактор 30, гледајќи го временскиот период на нејзиното делување, секако нешто подолго заштитува од фактор 15, а 50 подолго од 30, но треба да се има предвид дека дури и кога ќе нанесеме крема со заштитен фактор 50, сметаме дека кожата не е максимално заштитена. Токму затоа не треба да се изложуваме на сонце во критичен период во текот на денот.

3. Бела маица може да замени крема за сончање

Овој начин на заштита најчесто го практикуваат луѓе со посветол тен, но таа никако не е доволна за заштита на кожата од штетните UV зраци, па потребно е кожата да се намачка со крем со заштитен фактор. Експертите советуваат ако сепак во време од 11 до 15 часот се најдете на сонце, задолжително облечете бела маица, а ова посебно се однесува на децата.

4. Пливањето со полн желудник е штетно

Да се скокне во студена вода веднаш по јадење се сметало за опасно бидејќи како последица може да има болки и грчеви во стомакот. Науката таа стара мудрост ја демантира. Бидејќи организмот по јадењето ја вари храната, тоа само малку ќе го успори, што воопшто не смета за опуштено уживање во вода. Сепак, ако имате срцеви болести или циркулацијата не ви е најдобра, тогаш независно од јадењето, секое нагло движење во водата може да направи проблем. Ако сте млади, здрави и немате никакви здравствени проблеми, слободно капете се откако ќе изедете сендвич.

5. Ланската крема за сончање може да послужи и оваа сезона

Ако се уште го чувате шишенцето со заштитно средство кое ви останало од минатото лето, фрлете го. Рокот на траење на многу производи за заштита од сонце изнесува една година по отварањето, под услов да се чува на суво и ладно место. Дури и ако рокот на траење се уште е добар, дејството на некои креми и лосиони за сончање може да биде поминато.