Ова е најбогатиот човек на сите времиња

220

Најбогат човек во историјата бил африканскиот владетел од 14 век, Манса Муса. Неговото богатство било околу 400 милијарди долари пресметано во денешни рамки.

Муса бил владетел на кралството Мали, кое ги опфаќало денешниот Сенегал, Мали, Буркина Фасо, Нигер, Гамбија, Гвинеја, Брегот на Слоновата коска.

Владеел над територија богата со злато. Според историските записи Муса не бил скржав човек.

На почетокот на 14 век, патувајќи кон Мека со својот караван од 12.000 луѓе, на поминување застанал 3 месеци во Каиро и во тој период на народот му поделил толку злато што ја уништил економијата на целиот регион за следните 10 години, бидејќи целосно ја урнал вредноста на златото.

Второто место на листата на најбогатите му припаѓа на Октавијан Август, првиот цар на Римското Царство.

Трет е Џао Сју, цар на Кина, а четврти Акбар Велики, владетел на Монголското Царство.

Ендрју Карнеги, шкотско-американскиот индустријалист бил „тежок“ 372 милијарди долари, а веднаш зад него е Џон Рокфелер, американскиот бизнис-магнат со 341 милијарди долари.

Се верува дека последниот руски цар Николај Александрович Романов имал лично богатство вредно 300 милијарди долари.