Што сè треба да јадат веганите за да останат здрави?

97
Џена Хоуп, нутриционист

Британската нутриционистка Џена Хоуп ги откри правилата до кои треба да се придржуваат сите кои сакаат да станат вегани со цел да го одржат својот имунитет и да бидат поздрави.

Таа објасни која е клучната група на билки и витамини кои треба редовно да ги внесувате за вашиот организам да не ослаби.

„Разновидноста на храната е многу важна за добивање на здрави цревни микроби за кои знаеме дека се поврзани со многу фактори од општото здравје, меѓу кои се управувањето со телесната тежина, спиењето и имунитетот. Оние кои се на веганска диета треба да се осигураат дека поголемиот дел од нивната диета содржи зеленчук, овошје, грав, мешунки, јаткасти плодови и семки“, изјави таа.

Секоја веганска чинија треба да содржи грашок, брокула, карфиол, домат, печурки, пиперки, спанаќ, мирудии, тиквички и слично.

„Оброците треба да содржат и извори на протеини како што се киноата, гравот, леќата, јаткастите плодови, како и компирот, интегралниот ориз, кус-кус и слично. Овие состојки се важен извор на масти и помагаат во апсорбирањето на хранливите состојки, инсулинот, продукцијата на хормони и регулирањето на воспаленијата. Храната како семките, маслиновото масло и авокадото се одлична веганска опција“, истакна таа.

Кога станува збор за витамините, ситуацијата е малку потешка со изборот на храна, но не е невозможна. Калциумот е есенцијален за здравјето на коските и може да се најде во млечните производи, но го има и во зелениот лиснат зеленчук и во млекото кое не се добива од животни. Јодот исто така е во млечните производи и белата риба, но веганите можат да го најдат во морската храна, компирите и сувите сливи.

Веганите често имаат проблем со недостаток на витамин Д и поради тоа треба да пијат таблети кои го содржат овој витамин.