Комарецот и Лавот | Поучна приказна | Видео

2369

Комарецот дошол кај лавот и рекол: “Јас ни најмалку не се плашам од тебе, ниту си ти појак од мене. Ако мислиш дека не е така, ела, еве сум, и да се обидеме. Јас сум многу, многу посилен од тебе”.

Така рекол и веднаш почнал да лета околу лавот, да брмчи и да пишти, и се пуштил да го боцка по голите места, без влакна, околу носот и устата. Бранејќи се, лавот сам се ранувал со сопствените канџи и така дури премалел.

Кога победил, комарецот забрмчел победничка песна и си одлетал. Опиен од радост, не гледал кај лета и се сплеткал во пајаковата мрежа. Кога требало да биде изеден од пајакот, почнал да тажи : “Ах каков крај за мене. Ме упропастува една никаква живинка и тоа после мојата победа над најсилниот!”