Теориите на заговор побрзи и од самиот вирус | Covid-19 не е лабораторијски експеримент | Видео

666

Постојат две можни објаснувања за тоа како Ковид-19 бил пренесен на луѓето. Сценаријата се кое од кое … 

Со ширењето на вирусот корона, се шират разни гласини и непроверени податоци со сомнително потекло. Една од тие гласини е дека овој вирус, официјално наречен SARS-CoV-2, е направен во лабораторија во Вухан, Кина, во епицентарот на епидемијата, но направени се анализи кои треба да ги побијат понатамошните шпекулации на оваа тема.

Поточно, група научници ги споредиле геномите на седум типа човечки инфективни вируси на корона, вклучително и SARS и MERS. Резултатите од нивните тестови покажуваат дека Covid-19 не е нуспроизвод на лабораториски експеримент. Кристијан Андерсен, имунолог и микробиолог, со своите колеги ги истражувал протеинските боцки на вирусот, кои служат за прицврстување на клетките во човечкиот организам. Особено, обрнале внимание на две важни карактеристики.

Првата е „штипка“, со кој вирусот се фаќа за ќелијата, додека втората карактристика е „сечило“ со кое вирусот прави процеп на клетката за да влезе во неа. Истражувањата покажале дека „штипката“ е создаден со цел да се прицврсти на рецепторите надвор од ќелијата, кои се вклучени во регулирање на крвниот притисок. Толку е прецизна во тоа што научниците заклучиле дека протеинските боцки на вирусот се дело на природна селекција, а не на генетско инженерство, наведува Live Science.

Природата ги надитри научниците затоа што Covid-19 мутирал сосем непредвидено

Covid-19 е сроден со вирусот SARS, па затоа неговото стручно име е SARS-CoV-2. И покрај ова, научниците забележале некои разлики помеѓу нивните генетски кодови. Кога направиле компјутерска симулација на вирусот, програмот посочил дека мутациите создадени од Covid-19 не би требало да придонесат за неговата способност лесно да се врзува за човечката клетка. Од друга страна, ако вирусот би бил вештачка креација, научниците никогаш не би одбрале мутации за кои компјутерот би им препорачал дека не функцонираат.

Излегува дека природата ги надитрила научниците, па вирусот успеал да мутира на таков начин на кој никој не ни помислил. Притоа, неговата молекуларна структура се разликува од другите видови на коронавируси, а повеќе наликува на вирусите пронајдени лилјаците и лушпарите. Научниците претпоставуваат дека Covid-19 дошол до нас на еден од овие два начина.

SARS-CoV-2 можеби мутирал во човечкиот организам 

Првото можно објаснување е дека сме се заразиле од животно. Таков беше случајот и со SARSот, кој го пренесувале (цибетките) Viverridae, и со MERSот, пренесуван од камили. Се смета дека Covid-19 го пренесуваат лилјаците, кои ги заразиле лушпестите, а тие нас. Во овој случај, патогените својства на вирусот биле присутни уште пред да се пренесе на луѓето.

Друга можност е дека, специфичните патогени карактеристики на Covid-19 се развиле откако вирусот го допрел човечкиот организам. Некои видови на коронавирусот кај лушпестите исто така ги имаат и гореспоменатите штипки, што би значело дека лушпестите директно или индиректно го заразиле човекот. Вирусот потоа мутирал и се стекнал со „сечило“, со кој прави процеп на клетката, а тоа придонело до брзо и лесно ширење меѓу човечката популација.

Ако вирусот дошол до човечката клетка во својата патогена форма, постои можност епидемии да се појавуваат во иднина, особено ако Covid-19 и понатаму продолжи да циркулира меѓу животните. Научниците посочуваат дека веројатноста за појава на идни епидемии е мала, особено ако вирусот го стекнал своето патогено својство откако е пренесен на човекот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.