Најчести грешки на мажите кои ги прават во се*сот

1916

Забораваат на останатите делови од женското тело

Женското тело не се состои само од гради, вагина и задник, но многу мажи го забораваат или решаваат да го игнорираат овој факт. Ако тој сака вам да ви е убаво, извесно време ќе ве бакнува и допира на останатите делови од телото, особено ако сте одлучиле да имате долга ноќ меѓу чаршафите.

Прават паузи

Не е ретка појава мажите да прават мали паузи во текот на сексот со цел да можат колку толку да ја одложат ејакулацијата. Жените ги мразат таквите паузи затоа што им го намалуваат нивото на возбуда.

Постојано ја прашуваат својата партнерка дали доживеала оргазам

Жените уживаат во сексот дури и ако не доживеат оргазам. Но, мажите се преокупирани со женскиот оргазам и ако нивната партнерка не го доживее врвното задоволство, тогаш се чувствуваат како да не направиле доволно. Постојаните прашања за тоа дали доживеале оргазам не само што ја убиваат возбудата кај жените, туку и создаваат фрустрации и напрегнатост. Освен тоа, може да доведат и до глумење на оргазам од страна на жените со цел да прекинат досадните прашања.

Не практикуваат добра лична хигиена

Жените обрнуваат многу внимание на хигиената, особено на интимната хигиена пред сексуален однос, па не очекуваат ништо помалку од мажите. Нема поголем непријател на либидото од лошата хигиена. Доколку се соочувате со ваков проблем, најдете дискретен начин да му ги подобрите навиките за одржување на хигиена. На пример, иницирајте заедничко туширање пред сексуалниот однос. Застанете голи под туш и повикајте го. Нема шанси да ве одбие.

Ако вашиот партнер редовно прави некоја од посочените грешки, време е за интервенција од ваша страна. Бидете отворени и посочете му каде греши. Насочете му ја раката, потскажете му што ве возбудува и потфрлете некој совет. Доколку навистина се грижи за вас, ќе даде сè од себе да се промени.