Секогаш ја прескокнуваат предиграта
Жените ја обожаваат предиграта и таа многупати може да биде поинтересна од самиот сексуален однос. Тоа се две доволно силни причини поради кои мажите треба да сакаат да ја воведат предиграта како дел од стратегијата за задоволување на својата партнерка. Освен тоа, на жените им е потребно подолго време за да се подготват за пенетрација затоа што кај нив побавно се расте сексуалната возбуда, а со тоа и влажноста на вагината.
Бараат орален секс преку притискање на главата на својата партнерка надолу
Не постои жена која не ја мрази оваа постапка на мажите. На жените им е кристално јасно дека мажите обожаваат орален секс. Ако една жена е склона да му го пружи тоа задоволство на својот партнер, таа ќе го стори тоа и без тој да ѝ ја насочува главата надолу кон неговата „гордост“.
Го „маркираат“ женскиот врат
Бакнежите во областа на вратот и ушите ја поттикнуваат сексуалната возбуда. Исто така и нежните вшмукувања и љубовни грицкања. Но, црвено-сините траги кои остануваат (познати како „шливки“) се крајно непосакувани од жените. Ролките и шаловите се во мода, но ни малку не е пријатно кога треба да ги носите под принуда. Пред возбудата да започне да кулминира, опоменете го партнерот дека не сакате сите да знаат за вашата страсна ноќ.
Не знаат што да прават со женските гради
Мажите ги обожаваат градите, но ретко кој маж знае како правилно да ги стимулира за и неговата партнерка да чувствува задоволство. Силното гмечење, како и тегнењето и вртењето на брадавиците, не се ни најмалку пријатни. Брадавиците се многу чувствителни и треба да бидат стимулирани нежно со рака или со уста.
Го игнорираат или пресилно го стимулираат клиторисот
Мажите веднаш тргнуваат во потрага по фамозната Г-точка и забораваат дека клиторисот може да ѝ донесе силен оргазам на нивната партнерка. А дел од оние кои пак знаат за моќта на клиторисот, не знаат да ја употребуваат. Клиторисот е исклучително чувствителен дел од женското тело и директната силна стимулација може да биде не само непријатна, туку и болна. За да го избегнете овој проблем, насочете му ја раката кон клиторисот кога сакате поголема возбуда и покажете му колкав притисок и колкава брзина да употреби при стимулирањето.
Продолжува на страна 3


















