
Играта започнала и, како што можело да се очекува, оние од првите редови ја фрлале хартиената топка во кантата за отпадоци (но не сите!), а оние во последните редови главно промашувале – но некои и погодиле …

Наставникот извлекол заклучок од оваа вежба со следниве зборови: “Оние ученици кои се поблиску до корпата за отпадоци, имаат подобри шанси да ја уфрлат топката во корпата. Тоа значи дека биле привилегирани. Но, дали забележавте дека за ова се пожалиле само оние ученици во последнте редови?

Спротивно на нив, оние кои се напред, помалку се свесни за привилегијата и бенефицијата кои ги добиле со раѓање, сѐ што тие можеле да видат се 3-те метри помеѓу нив и нивната цел …

Вашата работа – како ученици кои се во процесот на образованието – е да бидете свесни за привилегиите што го имате. И да ги искористите предностите на таа привилегија наречена “образование”, да дадете сѐ од себе и да постигнете големи успеси, цело време претставувајќи ги и оние кои се наоѓаат во редовите зад вас.”



















