Кога некој ќе ви спомне витамин Ц, најверојатно прво ќе помислите на портокал, нели?
Но, што ако некој ви каже дека портокалите се всушност просечна храна во категоријата на оние со високо ниво на витамин Ц? Вистина е!
Иако портокалот со средна големина содржи околу 70 мг витамин Ц (препорачаната дневна количина е 60 мг), следните 9 намирници содржат многу повеќе од овој супер витамин, така што веќе немате изговор за пад на имунолошкиот систем.
На крајот на краиштата, летото е идеално време за полнење на организмот со витамини, бидејќи докажано е дека витаминот Ц ги одбива ефектите од исцрпеноста поради топлините, а исто така помага да се обнови кожата по изгореници од сонцето.
Јагоди
Чаша јагоди содржи околу 85 мг витамин Ц, како и силна доза на манган што може да помогне да се одржи стабилно нивото на шеќер во крвта. Ако сте во можност купите органски јагоди, бидејќи „обичните“ неодамна се најдоа на врвот на листата на земјоделски производи со најмногу пестициди (според истражувањето на Environmental Working Group).
Ананас
Освежувачка и сочна, чаша тропски ананас содржи околу 79 мг витамин Ц, и за разлика од повеќето други овошја, содржи значителни нивоа на бромелаин, кој помага во работата на дигестивниот систем.
Келераба
Набљудувајќи го нејзиниот изглед, навистина, не е некоја посебна намирница, но она што е важно е тоа што е внатре – чаша келераба содржи околу 84 мг витамин Ц. Како и другите намирници од нејзиното семејство, содржи некои состојки кои помагаат во борбата против ракот. Можете да подготвите супа од кораба, да ја пржете или да ја печете, а суровата може да се комбинира со сезонски салати.
Манго
Слаткото, сочно манго содржи дури 122 мг витамин Ц! Одличен е извор на зеаксантин, антиоксиданс кој помага да се одржи здравјето на вашите очи. Ако немате време да го лупите мангото без грижи, замрзнатата варијанта е исто толку здрава.
Прокељ
Чаша од овој не толку омилен зеленчук содржи 75 мг витамин Ц, како и хранливи материи кои му помагаат на организмот да се бори против ракот. Ако не ви се допаѓа вкусот на прокељот, можете да го омекнете со разни други состојки.
Киви
Само две киви содржат дури 128 мг витамин Ц, а истражувањата покажуваат дека кивито може да ви помогне да заспиете побрзо и генерално да го подобрите квалитетот на спиењето. Причината е веројатно неговото високо ниво на серотонин, хормон кој го регулира сонот и го започнува почетокот на сонот.
Папаја
Исто како што е случај со неговите тропски братучеди, ананасот и мангото, папајата е богата со витамин Ц – едно помало овошје содржи околу 95 мг витамин Ц, но содржи папаин, ензим кој ги ублажува воспалителните процеси.
Пиперка
Пиперките исто така содржат повеќе витамин Ц од портокалите, а нивото се движи од 95 мг во една црвена пиперка до (зачудувачки) 341 мг во една жолта пиперка. Тие исто така содржат многу малку калории (само 45 калории по чаша), така што тие можат да бидат одлична здрава закуска.
Брокула
Чаша сечкана, сурова брокула содржи околу 81 мг витамин Ц, а количината на витамин К (важен за здравјето на коските и правилно згрутчување на крвта) е доволна за цел ден.



















