Митови и вистини за хороскопските знаци

1422

Лав

МИТ

Лавот е вообразен и исполнет со себе. На луѓето родени во овој огнен знак им се додаваат и суета, тврдоглавост и завист.

ВИСТИНА

Можеби се вообразени, но повеќето Лавови се обидуваат да бидат најдобри во сè уште од раѓање. Нивната позитивна слика за себе е резултат на напорна работа и напор, затоа не треба да им се завидува, туку да се почитуваат. Позитивната енергија и великодушноста на Лавот кон другите покажуваат дека тие не се толку егоцентрични како што се обидува да им се наметне.

Девица

МИТ

Луѓето родени во знакот на Девица се повлечени и срамежливи изроди кои немаат многу пријатели. Околината ги смета за премногу критични и ситничави,па како такви тешки се за соживот.

ВИСТИНА

Девиците се перфекционисти кои сакаат сè да биде совршено и не сакаат никого да обезвредат со критика, туку само помагаат со корисни совети. Тие се повлечени затоа што се плашат од осуда на околината и немаат самодоверба, но кога малку ќе се релаксираат, доаѓа до израз нивната пријатна и интелигентна природа, како и шарм и духовитост.

Продолжува на страна 4