Тајната е само за подготвените | Како Законот на привлечноста ја исполнува секоја ваша команда!

350

Постои една стара поговорка која вели: “… кога ученикот е подготвен, се појавува учителот”!

Тоа значи дека ние, луѓето барајќи некои одговори, несвесно привлекуваме ситуации кои нѝ даваат можност да доживееме и да го научиме токму она што го бараме. Ова се однесува на сфаќањето на поимот Тајна и нејзиното вистинско значење. Тајната ќе ја сфатат само оние кои се подготвени за неа!

Тајната не е само средство за остварување на материјални добра. Тајната, навистина може да нѝ помогне да дојдеме до подлабоките вистини и да го пронајдеме значењето на своето постоење. Сите оние кои бараат само световни богатства и статусни симболи, можат да стигнат до нив со користење на Тајната, но и со неисполнување на други универзални закони, обично повторно сѐ да изгубат.

Законот на привлечноста е тајната на успехот и среќата на човекот, но во никој случај не е единствениот фактор за двете. Постојат многу други универзални закони кои треба да се почитуваат за човекот да се приближи до својот идеал и да го оствари она што е целта на неговиот живот. Целта на постоењето некогаш не е лесно да се пронајде, па многумина од нас поаѓаат од оние површни статусни симболи, како што се парите, материјалното богатство и моќта…

Под потрагата по богатството и симболите, се крие само една, за сите својствена желба, желбата да се чувствуваме добро. И токму од таа желба потребно е да се отпочне со процесот на својот духовен развој. Значи, за Тајната треба да се вложи многу ментална работа и да се следи универзалната вистина, а потоа и тајната веќе нема да биде тајна, туку начин на живот.

3 чекори на креативниот процес

Креативниот процес ви помага во создавањето на сѐ што сакате во три едноставни чекори: барање, вера и примање. Кога од универзумот треба да го побарате она што го сакате, тоа е можност во себе да разјасните што сакате. Кога тоа ќе ви стане јасно, веќе сте побарале.

Верба значи дека треба да се однесувате, зборувате и да размислувате како веќе да имате она што сте го побарале. Кога ќе се вклучите во фреквенцијата на постигнувањето на саканото, законот на привлекување ги движи луѓето, настаните и околностите кои ви го носат саканото.  Примањето го вклучува и чувството кое се случува кога желбата ви се остварила. Сегашното добро расположение ве вклучува во фреквенцијата на она што го сакате.

На пример, да ја намалите телесната тежина, немојте да се фокусирате на “губење на тежината”. Наместо тоа, фокусирајте се на својата совршена тежина. Пробудете го во себе чувството на совршена телесна тежина и така ќе ја повикате.

На универзумот не му е потребно време да го манифестира она што го сакате. Исто толку е лесно да се оствари еден долар како и еден милион долари. Ако почнете со нешто мало, како шолја кафе или место за паркирање, лесно ќе го забележите начинот на кој можете да го доживеете законот на привлекување.  Силно посакајте да привлечете нешто ситно. Кога ќе ја доживеете моќта на привлекување, можете да создадете многу поголеми работи.

Однапред осмислете го својот ден, размислувајќи за тоа каков го сакате и така со мали чекори намерно ќе го создавате – целиот свој живот.

Со среќа!