Близнаци
МИТ
Близнаците се површни и несигурни луѓе на кои не може да им се верува. Тие брзо губат интерес кога нешто не им е интересно. Тие секогаш бараат нови искуства, што ги тера луѓето да чувствуваат дека не можат да се потпрат на нив.
ВИСТИНА
Овие весели и гласни луѓе имаат лоша репутација најмногу затоа што имаат толку многу работи на ум што едноставно не стигнуваат да им се посветат на сите. Тие уживаат во комуникацијата и размената на идеи, но брзиот јазик често ги става во непријатни ситуации затоа што кажуваат нешто што не треба.
Рак
МИТ
Повеќето луѓе сметаат дека Раковите се чувствителни и слаби. Тие се нежни и емотивни и лесно се повредуваат, па затоа многумина ги сметаат за слаби.
ВИСТИНА
Раковите се борци кои се подготвени да дадат многу жртви за оние што ги сакаат, и тука лежи нивната сила. Тие се способни да ги потчинат своите потреби на потребите на другите, што некои може да го протолкуваат како слаб карактер или недостаток на волја, но ова бара многу сила и издржливост. Добро е да ги имате на ваша страна бидејќи тие ќе направат сè за најблиските.
Продолжува на страна 3



















