Машки трикови за плодност

124

Проблемите со зачнувањето почесто се поврзани со жените, но се покажува дека една третина од случаите на отежнато забременување (или неможноста за такво) се поврзани со плодноста на мажот.

Значи, ако сакате да станете татко, подобро да се грижите за своето здравје и сперма пред да ја фрлите целата вина врз партнерот.

Еве кои се советите на фертилниот експерт од Бристол д-р Валентин Аканде:

1. Запрете со цигарите

Никотинот, катранот и хемикалиите во тутунските производи ја намалуваат подвижноста и квалитетот на сперматозоидите.

2. Намалете со алкохолот

Алкохолните пијалоци влијаат на производството на сперма, како и го намалуваат нивото на тестостерон во организмот, кој е важен во процесот на оплодување.

3. Држете ги “богатствата” на ладно

Прекумерното загревање на тестисите го намалува квалитетот и квантитетот на производството на сперма. Шутнете ги тесните фармерки и панталони и обложете се на боксерки.

Продолжува на страна 2