Голем број жени сметаат дека по 30-те стануваат помалку привлечни за партнерот, но вистината е дека во третата деценија од животот понежниот пол зрее сексуално.
Многумина мажи мислат дека младите жени се подобри љубовници, но новата студија покажа дека дамите во зрела возраст се посигурни во својата сексуалност. Тие се свесни за квалитетите и желбите и полесно се помируваат со некои физички недостатоци.
Слабите манекенки на телевизија веќе не се мерило за убавина, бидејќи жените над 30 години се чувствуваат удобно во својата кожа. Во позрелата фаза од животот тие оставиле зад себе неколку сексуални партнери и ги знаат своите преференции и навики.
Знаејќи го ова, тие можат полесно да ги задоволат сопствените потреби и фантазии во интимните моменти. Повеќето зрели жени се издвојуваат од младите со вештини за да комуницираат со партнерот не само за работа и забава, но и за секс и односи, што често е проблем кај нмладите парови.
Како финале на истражувањето научниците објаснуваат дека сексот за жените во 30-тите години веќе не е докажување, туку уживање.
Изгледот не е единствениот услов за привлечност, бидејќи со годините жените стекнуваат професионални и лични успеси и го привлекуваат спротивниот пол во сосема нов контекст.