5. Научете ја разликата помеѓу крчкање и зовривање
Кога во рецептот ќе прочитате дека нешто треба да се крчка, тоа не значи дека треба да го засилите огнот и да чекате. Крчкањето е многу понежно од вриењето и има голема разлика кога станува збор за готвење.
6. Подготвувајте ја сланината во рерна
Ако ја подготвувате сланината на шпоретот во тава, тогаш си создавате непотребни проблеми. Кога ќе ја подготвите во рерна, нередот ќе биде помал, а ќе можете да подготвите поголема количина за помало време. Исто така ќе се подобри и вкусот на сланината.
7. Не ја подготвувајте количината шпагети „од око“
Секој се нашол во оваа ситуација. Сакате да направите шпагети само за вас, а на крај добивате доволно за цело семејство. Но за среќа постои еден трик. Дупката во лажицата за шпагети е одлична за да измерите една порција.
8. Гответе храна за повеќе денови наеднаш
Ако подготвувате некој оброк, голема е веројатноста да ви останат голем дел од состојките. Па наместо да ги оставате на полиците и да заборавите на нив, искористете ги целосно и подгответе неколку оброци. Изедете го планираното денес, а остатокот нека ви биде за цела недела. Ова ќе ви заштеди и време и пари, а покрај тоа ќе го намалите и фрлањето храна.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















