Љубов ли е, што ли е?

1055

Врските можат да бидат доста збунувачки.

Сретнуваме човек кој ги кажува вистинските нешта во правилен момент тера срцето да се раздвижу, колената да омекнат, а на лицето изгрева голема насмевка.

Дали сепак станува збор за љубов или само за силно привлекување?

Иако нема сосема јасни знаци за љубовта, сепак има начин, со помош на кој ќе ги дефинираме чувствата.

Привлекување

Кога сакаме да го гледаме човекот, да поминуваме време со него или се чувствуваме добро, штом се насмевне, дефинитивно сме привлечени кон него. Тоа привлекување може и да достигне кулминација во односите или до љубов.

Страст

Ова чувство е слично на љубов, но е краткотрајно. Можеме да бидеме толку интензивно привлечени кон некого што дури ќе ја нацртаме својата иднина заедно со него. Наскоро сепак ќе дојдеме до заклучок дека овие чувства исчезнуваат и нема да биде изненадување ако наскоро истиот тој човек започне да нè иритира.

Само желба

Најлесно е да го препознаеме тоа чувство. Ние сме само и единствено сексуално привлечени од човекот. Кога мислиме за него / неа, го гледаме само неговото тело и замислуваме какво би било чувството да го бакнуваме.

Љубов

Тоа е најсложенoто за разбирање и објаснување чувство. Знаеме дека сакаме некого, кога сакаме да ја поминеме со него секоја минута. Планираме заедно иднина и работиме активно, за да ги оствариме нашите цели. Најважно е дека тоа е чувство кое не згаснува со времето.