Пoтребно
(За 12-15 кроасани)
- 1 пакет разладено лиснато тесто
- 250 г шунка
- 150 г пармезан или кашкавал
- сенф
- 1 јајце
- сусам
Подготовка
- Се шири изладеното тесто и сосема малку се замесува со оклагија.
- Потоа со помош на нож исечете триаголници.
- Големината зависи од тоа колку големи сакате да се кроасаните. Намачкајте го секој со сенфот, ставете по едно тенко парче шунка и рендан пармезан или кашкавал.
- Завртете во форма на кроасани, намачкајте со матени јајца и посипете со сусам.
- Печете во загреана рерна на 180 степени додека не зацрвенат.



















