Кој сé може да пие кафе ? 8 типови на луѓе чие здравје може да биде загрозено

1149

Сепак, за некои луѓе кои имаат одредени здравствени проблеми, кафето може само да им наштети – наведува нутриционистот и открива кој треба да избегнува или целосно да ја исклучи консумацијата на кафето:

Луѓе со нервозни црева

Кофеинот може да влијае на работата на дигестивниот систем и има големи шанси да предизвика дијареа.

Луѓе со покачен очен притисок

Луѓето кои страдаат од глауком, односно висок очен притисок, исто така треба да избегнуваат кафе. Обидете се барем да го ограничите, или уште подобро, да го избегнете неговото внесување.

Луѓе со слаб мочен меур

Истражувањата покажаа дека кафето го стимулира мокрењето, па оние со малку послаб мочен меур треба да внимаваат на неговото внесување, особено ако одлучат да одат на патување.

Луѓе со аритмија

Кофеинот може да предизвика моментално зголемување на крвниот притисок, како и отчукувањата на срцето, односно аритмија. Лицата кои страдаат од одредени срцеви заболувања најпрво треба да се консултираат со лекар, дали можат да го пијат овој напиток и до кој степен.

Продолжува на страна 3