Ќе се обидам, Душичке !!!  Александар Василевски

2013

Откако ја чувствувам твојата љубов, одтогаш и мојот живот е живот. Твојата искреност е толку реална, што секој нареден ден се прашувам возможно ли е да постои ваква искреност, искреност која зрачи толку многу што се останато исчезнува и едноставно не постои. Да не те сретнев можеби немаше никогаш да го почувствувам ова што сега го чувствувам, а тоа е безусловност во безусловност ! Кога душата сака, тогаш не постојат одговори, бидејќи нема ни прашања !!!

Душата е единственото нешто што го имаме во нас, а што не можеме да го контролираме каде оди. Ти ја почувствува мојата душа уште од првиот момент, и тој момент сеуште трае. Преку тој момент нашите души сами си се пронајдоа и јас сум убеден дека тие си го направија своето, бидејќи повеќе не можат една без друга.

Душата не бира, Душата одлучува!

Се прашувам сега дали ќе си го одржам своето ветување кое ти го дадов и кое сеуште го чувствувам исто. Ти ветив дека тебе никогаш не сакам да те повредам за ништо на овај свет, и ако тоа евентуално се случи дека нема да можам да си простам никогаш. Сакам секој миг да ти биде убав миг, сакам да знаеш дека моите мисли не се мисли без тебе, дека среќата твоја ја креира среќата моја и дека откако постоиш во мојот живот, јас живеам !

Сега кога ми си сѐ, сакам и ќе се обидам да ми останеш сѐ, секогаш ! Мојот обид ќе биде со искреност, искреност и искреност. Ако некогаш погрешам, тоа уште отсега сакам да знаеш дека нема да биде со намера, бидејќи твојата тага, за мене е болка ! Кога душата тагува, тогаш ништо не може да ја излечи таа тага, освен друга душа, која знае што е тага !

Ти се појави како светлина и преку таа светлина почувствував колку е убаво што постоиш во мојот живот. За се постои одговор, за се постои решение, ако се има разбирање, пристап и љубов. Нашиот одговор и нашето решение се нашите души кои имаат пристап, разбирање и љубов. Кога еден со друг се надополнуваме, тогаш и сите да бидат против нас, ќе бидат немоќни.

Ми ја врати мојата душа, Душа која луташе !

Сега нашите души се среќни души, бидејќи знаат дека само со надополнување ќе останат среќни секогаш. Кога Искреноста е основа, тогаш и Основата е искреност ! Ние основата ја имаме од самиот почеток и затоа ни се случува ова што и ни се случува. Твојата искреност зрачи, и остави ја да зрачи онака како што таа посакува. Не верувам дека постоиш во мојот живот, а ти веќе постоиш и преубаво ми е. Биди секогаш ти, Ти, а јас ќе се обидам да бидам твојот зрак кој ќе биде пресреќен со тебе и твоето зрачење !

Те Сакам е многу мал збор, за она што го чувствувам, а јас, јас те чувствувам тебе, Душичке !!!

 ~ Александар Василевски ~