Петте најсилни афродизијаци

163

Сексот има потреба од потхранување, како во буквална, така и индиректна смисла. За емоционалноста и длабочината на односот одговорност носат партнерите.

Но, физичката димензија може да биде стабилно поместена со потребните за тоа средства.

Кои се најдобрите афродизијаци меѓу храната?

Смокви

Смоквите се симпатични, сочни и ја разгоруваат страста. Можат да бидат вклучени во секоја љубовна игра. Свежите смокви имаат ексклузивен опоен вкус и арома, кои го прават сексот уште пострастен.

Манго

Мангото исто така е многу сочен плод , кој ја разгорува страста и љубовните желби. Препорачливо е мажите да јадат по едно манго час пред секс, за да ја зголемат сексуалната моќ.

Сокот на манго може да биде вклучен во љубовната игра. Исцедете малку од сочниот плод врз кожата на партнерот и страсно излижете ја.

Комбинацијата од мириси, вкусови и сокови ќе разбуди нечуени досега желби!

Розови ливчиња

Листовите на розата не се само за декорација. Тие можат и да се јадат. Наредете розови листови низ спалната, за да ги предизвикате сетилата на вашата сакана. Можете и да си каснете од нив ако претходно ги зашеќерите. Подгответе си и одлични џемови од розови ливчиња. Еве на колку различни начини можете да ги вклучите розовите листови во сексуалниот живот!

Црна чоколада

Темното чоколадо е друг моќен афродизијак кој распалува огнени страсти. Парченце чоколадо пред секс може да направи чуда со сексуалната моќ на вашиот партнер. Егзотиката и лесната горчина на црното чоколадо будат сензуалност како кај посилниот пол, така и кај дамите.

Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека какаото ја подобрува циркулацијата и помага за влажнење на гениталиите. Така сексуалниот чин ќе биде продолжен и квалитетен.

Кокосово масло

Кокосово масло ја прави кожата, зглобовите и тетивите поеластични. Ова помага за спроведување на различни екстремни секс пози. Ако редовно користите кокосово масло не само што ќе се радувате на опојниот мирис, но и вашето тело ќе успее да се извива во најпријатен начин, за да ви помогне во обезбедувањето на задоволство.

Кокосовото масло е и одличен лубрикант, од кој можете да искористите за време на љубовната игра. Секси масажите со кокосово масло опуштаат и предиспонираат.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.