Карактеристики на Близнаците што ги прават најуникатен хороскопски знак

1496

Мераклии

Близнаците сѐ прават со многу страст. Кога се заљубени, сакаат со целото свое битие. Може да станат нерационално љубоморни ако почувствуваат дека некој се заканува да им го одземе тоа. Знаат да бидат многу театрални и во налет на бес може да искршат сѐ, а потоа да расчистат како да не било ништо. Уживаат во сѐ што прават и се големи мераклии – за дружење, храна, забава, љубов… Близнаците знаат „да одлепат“, но само кога навистина им е дојдено до некого.

Површни се

Оваа карактеристика кај нив се манифестира на неколку начини – сакаат кога се во центарот на вниманието и премногу често вреднуваат површни нешта.

Иако генерално имаат силна интуиција и добро ги проценуваат луѓето, кога еднаш ќе се убедат во нешто или се заслепени од некого, многу тешко може да ги разубедите да ги согледаат нештата реално и да ги премислите.

Неодлучни се

Можеби ова е една карактеристика што најмногу нервира кај Близнаците – неодлучни се за тоа што сакаат и расположението им се менува „како што ќе дувне ветрот“, во крајности. Постојано ги преиспитуваат своите одлуки и размислуваат за можни сценарија за секоја ситуација. Нивниот вроден перфекционизам може да биде корисен за постигнување неверојатни резултати, но само ако се одлучат што точно да прават и на кој начин.

Продолжува на страна 4