Креативни се
Близнаците поседуваат многу таленти и многу често вниманието им е насочено во повеќе правци. Иако се страшно организирани, ова понекогаш се покажува како маана на нивниот карактер бидејќи се доведуваат во ситуација да не можат да постигнат сѐ што сакаат да направат, а тоа ужасно ги нервира.
Во случај да имаат еден единствен проект на кој ќе бидат фокусирани, ќе бидат готови далеку пред сите.
Имаат неколку лица
Близнаците се познати по тоа дека имаат двојна личност. Всушност, понекогаш може да бидат и многу повеќе од две личности. Многу лесно се адаптираат и имаат силна интуиција. Поради тоа реагираат на енергијата на другите луѓе, па на површина „испливува“ некоја друга верзија на Близнакот. Може да има многу вакви верзии, понекогаш за секоја личност и ситуација што ќе ја сретнат.
Тешко ќе ги „прочитате“
Близнаците имаат исклучително слободен дух и за нив слободата нема цена. Не сакаат да се чувствуваат врзани и ќе се повлечат ако почувствуваат дека некој ги гуши. Со оглед на тоа дека времето им е исклучително важно, можно е да одбегнуваат да се врзат од страв дека ќе направат некоја погрешна одлука поради што ќе изгубат време.
Во врска го сакаат само најдоброто бидејќи и самите го нудат токму тоа. На љубовен план, најдобро се согласуваат со луѓе со авантуристички дух, независни и ефикасни.
Продолжува на страна 3



















