Како се бакнуваат луѓето во светот

65

Како се случува љубовта во светот? Па како и кај нас.

Поинтересно е како се случува бакнежот во различните култури и кај различни народи. Каде е прифатено да покажуваш нежност и љубов со уста и каде е апсолутното табу.

Иако многу антрополози тврдат дека родното место на бакнувањето е Индија, таму е апсолутно недозволиво луѓето да ги допираат усните на јавно место. Други научници пак се на мислење дека бакнежот е трансформација, наследена од пралуѓето. Во раните години на човештвото родителите ја соџвакувале храната на бебињаѕа, ставајќи ја директно во устите им. Овој ритуал полека се претворил во бакнувањето што го познаваме денес.

Се разбира, содржината на бакнежот може да варира доста: бакнуваме, бидејќи сакаме да бакнуваме, за да изразуваме почит, бакнуваме кога честитаме или се збогуваме. Да кажеш на некого “Здраво” со бакнеж е прифатливо во доста култури, но во други е на границата со кривично дело.

Значи во денешниот шарен свет многу е важно да сме свесни за “етикетата на бакнежот”.

Love disney kiss GIF on GIFER - by Fegar

Не за друго, ама замислете дека одите на состанок со едвај зголемен љубовен интерес. Се е прекрасно – осамена плажа, жежок песок, бранови, галеби. Затворате очи во очекување на првиот бакнеж, но наместо тоа добивате хистерично лижење на скалпот од саканот. Не затоа што е луд или перверзен манијак, туку бидејќи таков е обичајот во неговата земја.