“Следете ги овие чекори за да го намалите ризикот од грип.”

274

Со доаѓањето на постуденото време доаѓа и сезоната на настинки и грип.

Неколку конструктивни чекори можат да ги намалат шансите за добивање настинка или грип, како што се урамнотежена и квалитетна исхрана, одржување лична хигиена, физичка активност…

Со практикување на ваквите навики, можете да го зајакнете вашиот имунолошки систем и да ја намалите веројатноста да се разболите, потсетува порталот Medical News Today.

Не е на одмет да ги повториме советите за спречување на настинки и грип, како и детали за тоа што можете да направите за да го намалите ризикот од зараза со овие болести.

1. Здрава и урамнотежена исхрана

Здравата и урамнотежена исхрана е од суштинско значење за поддршка на имунолошкиот систем и целокупното здравје, па затоа треба да се прифатат следните навики во исхраната:

Јадете многу овошје и зеленчук. Тие се богати со витамини, минерали и антиоксиданси, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Направете мешавина од шарени овошја и зеленчук за да внесете широк спектар на хранливи материи во вашето тело.

Јадете немрсни извори на протеини: живина, риба, грав, леќа и тофу, кои обезбедуваат есенцијални амино киселини важни за имунолошката функција и обнова на ткивото.

Јадете здрави масти: авокадо, јаткасти плодови, семки и маслиново масло, бидејќи тие се добри за здравјето на срцето и го регулираат воспалението.

Пијте многу течности, вода и чаеви кои помагаат во одржување на функцијата на различни телесни системи, вклучувајќи го и имунолошкиот систем.

Некои видови храна се особено здрави за имунолошкиот систем и за превенција или третман на настинки или грип: лук, ѓумбир, куркума, агруми, зелен лиснат зеленчук.

Вклучете храна богата со пробиотици во вашата исхрана, како што се јогурт и ферментирана храна, кои го одржуваат здравјето на цревата и придонесуваат за зајакнување на имунолошкиот систем.

2. Витамини и додатоци во исхраната

Витамините и додатоците во исхраната играат важна улога во одржувањето на силен имунолошки систем:

Витамин Ц: важен за зајакнување на имунитетот. Го поттикнува производството на бели крвни зрнца, кои се неопходни во борбата против инфекциите. Го има во цитрусно овошје, бобинки, пиперки и брокула.

Цинк: вклучен во бројни функции на имунолошкиот систем, како што се производството на имунолошки клетки и регулирање на воспалението. Храната богата со цинк вклучува посно месо, живина, јаткасти плодови, семки и цели зрна.

Ехинацеа: хербален додаток во исхраната. Многумина веруваат дека придонесува за спречување или ублажување на симптомите на настинка. Некои истражувања сугерираат дека има благ ефект, па затоа се потребни повеќе истражувања за да се утврди неговата ефикасност.

Продолжува на страна 2

Вежбајте и спијте