Растењето на децата меѓу миленичиња има многу придобивки. Животните ги сакаат децата, а децата ги обожаваат.
Игрите се луди, палави и исполнети со љубов. Речиси нема дете кое не сака милениче . Ова пријателство ги прави децата и животните неразделни, ги учи децата на толеранција, внимание и почит кон другите суштества, што неминовно влијае и врз нивните односи со луѓето.
Понекогаш доаѓањето на новиот член на семејството е ситуација, тешка за прифаќање. Ако веќе имате домашно милениче, кое не сфаќа дека наскоро во семејството ќе се појави бебе, мора некако да го подготвите за да нема трауматски моменти.
Како најлесно да го направите тоа?
Направете план за раѓањето – особено за животното
Точно е дека последното нешто за што мислите во моментот пред раѓањето, е домашното милениче, но ако сакате сè да мине лесно, треба да го приклучите во плановите.
За да не го оставате животното во стресна ситуација, кога ќе тргнете кон болницата, договорете некој близок да го гледа или да го однесете кај него. Така на животното нема да му асоцира пристигнувањето на новиот член на семејството на нешто трауматично и лошо.
Колку и да не ви се верува животните исто така имаат своја психологија, иако различна од човечката и стресот влијае не помалку лошо на нив, од на нас, луѓето.
Продолжува на страна 2