Дали презервативите можат да ве заштитат од коронавирусот?

244

Со оглед на тоа дека коронавирусот се шири се повеќе во светот, луѓето на сите можни начини се обидуваат да се заштитат и информираат за како точно да го направат тоа.

Се советува избегнување на контакт со заразени лица, но што кога станува збор за интимниот контакт? Дали користењето на презервативи може да биде доволна заштита?

За сега, малку се знае за тоа како вирусот се шири преку телесните течности.

„Поради тоа што е нов вид на вирус не знаеме како се пренесува од личност на личност. Меѓутоа, знаеме дека слични вируси се шират со кашлање и кивање. Експертите сметаат дека исто и со COVID -19, но потребни се уште истражувања“, рекол др. Симран Дио, пренесува mondo.rs

Исто како што е најдобро да одбегнувате контакт со лице кое има грип, логично е да не се доближувате премногу на лица кои имаат сиптоми на коронавирус.

НЕ се собетува да имате односи со личности која има симптоми на коронавирус, дури и со користење на презервативи.

Докторите истакнуваат дека нема докази дека телесните течности можат да го пренесат вирусот. Но, не само што не се препорачува да имате односи со лице кое има симптоми, туку не се советува ниту бакнување, дури и преку маска.

Can condoms protect you from coronavirus during sex? | Metro News

„Кога станува збор за маските, постои многу малку докази дека тие воопшто помагаат. Вирусот може да се задржи на нив, па дури и да помине преку влакната“, вели докторот и препорачува доколку ги користите, после секоја употреба да ја фрлите во затворена канта и веднаш да измиете раце.