Оваа опасна бактерија во човечкото тело влегува со вдишување и во некои случаи е смртоносна.
Може да се пронајде и на местата каде има застоена вода. Клима уредите треба редовно да ги чистите бидејќи се погодно тло за размножување на бактерии и габички, а најопасна е легионелата, потенцијално смртоносна бактерија која ја вдишуваме.
Возможно е да ја пронајдете во фонтаните, водоскоците, базените, ледоматите…
Тие можат да преживеат во вода подолго од година дена.Од легионелата,односно легионерската болест , заболуваат сите старосни групи, децата многу ретко, но почесто постарите луѓе, особено оние со хронични болести на белите дробови, срцето и бубрезите. Особено се загрозени луѓето со ослабен имунолошки систем. Болеста е околу три пати почеста кај мажите отколку кај жените, а во ризичната група се и пушачите и алкохоличарите.
Може да биде смртоносна
Легионерската болест може да се јави како блага форма , па се до тешко воспаление на белите дробови со висока стапка на смртност. Инкубацијата изнесува од 2 до 10 дена. Оваа мултисистемска болест, освен белите дробови го зафаќа и џигерот, бубрезите, пробавниот тракт и средниот нервен систем. Првите симптоми се многу високата телесна температура(над 39%) која е пратена со треска. Се јавуваат и други симптоми како главоболка, болки во мускулите, општа слабост, мачнина, повраќања и сл. На почетокот болниот не кашла.
После 2 до 5 дена се јавува сува, надразнувачка кашлица која постапно станува продуктивна, па другите респираторни симптоми. Легионерската болест се лечи со антибиотици и симптоматски. Опоравувањето е долго, па промените на белите дробови се видливи и месец дена после почетокот на болеста.
Како да се заштитите и на што да внимавате
Превенција е редовното чистење на клима уредот во просториите и замена или миење на филтерот во него. Препорака е тоа да го направите барем еднаш годишно, пред сезоната на високите температури. Треба да се внимава и на клима уредите во автомобилите и нив треба периодично да ги чистите.
Препорака е да се направи сервис секои две години. Исто така, ако не престојувате во викендицата или апартманот подолго време, кога прв пат ќе одите таму, задолжително пуштете водата да тече 10-тина минути . Внимавајте и на местата на кои ја собирате дождовницата, а водата долго стоела, и таквите локации се погодно тло за развој на легионела.



















