Ниту пред 2000 години луѓето не биле без заби, зошто би биле денес?
Зборот ИМПЛАНТАТ доаѓа од латинскиот збор “IN” и “PLANTARE” а соодветен превод би бил “вметнување” или “усадување”.
Секое туѓо тело, внесено (вградено) во организмот, со цел да замени ткиво или орган, се нарекува имплантат.
При реконструирањето на деформитети на коскените бази користиме одредени импланти кои можат да бидат од различни материјали, како што се:
* Автологни – автогени
* Алогени- хомологни
* Алопластични – синтетички
* Ксеногени – хетерогени.
Во денталната медицина, стоматологијата, најчесто се користеле алопластични и ксеногени материјали, затоа што се покажале компатибилни во процесот на ОСЕОИНТЕГРАЦИЈАТА.
Протетиката е една од најстарите гранки на стоматологијата, а на тоа укажуваат некои историски факти, поткрепени со историски записи и со откритија во текот на вековите, па дури и со милениуми.
Научникот Frederick Wilson Popenoe, истражувајќи ја Латинска Америка, заедно со неговата сопруга, во 1931 година, во Хондурас пронаоѓа остатоци од вилична коска која ѝ припаѓала на една млада жена од цивилизацијата на Маите. Таа датира од 600 година од н.е., а на вилицата недостасувале три предни заби/секачи, кои се заменети со реплика на заби направени од школки. Истражувањето покажало дека со таквата реставрација вилицата била целосно функционална.

Многу слични случаи биле евидентирани и со истражување на египетските мумии.
Откритието на черепот во Франција, стар повеќе од 2000 години, не би било воопшто чудно ако черепот не содржел дентален имплант и тоа од леано железо.
До почетокот на XX. век, работите не се промениле значително, се продолжило со истражувања и понатаму се барала соодветна замена за природен заб. Во средината на векот започнува вистинска иновација на имплантологијата. По завршувањето на истражувањата во Англија, кои се спроведени во 1950 година на Универзитетот Кембриџ, смислен е начинот на изградба на титанска комора, од страна на истражувачите, која за првпат е вградена во меките ткива на зајаци.

Исто така, се спроведувале истражувањата за коските кои се регенерираат, па така, во 1952 година Бранмарк, по професија ортопедски хирург, истакнал дека коските се соединуваат толку блиску до титаниумот и совршено се вклопуваат во металот. 1965 година прв употребил имплант од титаниум кај луѓето.
Leonard Linkow, исто така, беше еден од првите, кој во вилицата вметнува имплант на титаниум, но и од други метали. Тогаш за прв пат се среќаваме со терминот ОСЕОИНТЕГРАЦИЈА.
Oсеоинтеграцијата е процес кој пациентот го поминува по вградувањето на имплантот. Процесот подразбира во одреден временски период, квалитетно сраснување на имплантот со виличната коска.

Со квалитетно вградување на имплантите никогаш нема да имате чувство на поседување туѓо тело
Сами всушност гледаме, колку низ стотици години имплантологијата напредувала, гранка на медицината која најбрзо “расте”, но сигурно е една од најстарите. На луѓето секогаш им било важно како изгледаат и каков прв впечаток оставаат. Освен изгледот, со губење на еден или повеќе заби, важно е да се нагласи дека од важност е и функционалност на џвакалниот тракт, како и фонетиката, која зависи од квалитетот на нашата усна празнина. Со квалитетно вградување на импланти никогаш нема да имате чувство на поседување туѓо тело, страв од отфрлање нема, бидејќи успехот е поголем од 98%, што доволно говори за самата постапка.
И вам да ви биде важно да изгледате совршено, но се разбира природно, затоа што е совршен секој оној кој има природна насмевка!



















