Научете го детето како да се носи со поразот

1581

Сосема е нормално детето да биде разочарано кога ќе доживее пораз во нешто, за кое напорно работело, како што е загубен натпревар за кој тренирало, но важно е да го научите да го прифати поразот, без чувство на огорченост или намалено самопочитување.

Детето, кое не учи добро да го прифаќа поразот ќе има проблеми во стекнувањето пријатели и ќе биде фрустрирано поради неуспесите.

Играјте на картата емпатија кај детето

Детето со текот на времето почнува да ја развива способноста за се стави на туѓо место. Тоа може да разбере дека може да ги повреди чувствата на децата со кои си игра, доколку се лути кога не победува. Прашајте го детето како би се чувствувало доколку некој му се налути, ако тоа направи нешто на што навистина е гордо. Појаснете му на детето дека е во ред да биде тажно затоа што загубило, но дека треба да се обиде да не ги повредува другите поради тоа.

Играјте тимски игри

Играјте игри, кои немаат натпреварувачки дух, кои ги елиминираат победата или поразот како категории и му помагаат на детето да учи како да стане тимски играч. Играјте подавање балон, топка или нешто слично. Децата како што растат ќе треба да научат да играат во тим и да постигнуват заеднички цели, а тимските игри се одличен почеток за навикнување на тоа.

Ставете акцент на напорот, вештината и забавата

Појаснете му на детето дека не е важно дали победува или губи, туку дека е важно како игра. Ваша задача е да му помогнете на детето да го сфати ова начело. Кога си игра со другите деца не го прашувајте дали победило, туку дали убаво си поминало. Пофалете го за се што ќе направи добро.

Научете го детето добро да победува и добро да губи

Покажете му што значи да биде добар победник и добар губитник. Кажете му дека победниците не се фалат наоколу со својата победа и не ги исмеваат способностите на оние кои загубиле.

Сето ова можеби изгледа тешко, но детето нема да ја совлада оваа вештина, доколку не вежба. Најважно од се е да не си дозволите детето да ве види како лошо ја поднесувате загубата. Секогаш честитајте му на победникот.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk