Стивен Хокинг | Во следните 100 години луѓето ќе почнат да живеат на Марс 

120

“Колонизација на Марс од луѓето ќе се случи во следните 100 години”, изјавил британскиот научник Стивен Хокинг, кој се надевал наскоро дека ќе полета во вселената.

Тој интервјуто го дал на дописникот на ТАСС во Лондон, Игор Броварник. Хокинг се смета за еден од најпознатите и највлијателни физичари теоретичари на нашето време. Според него апсорпцијата на Марс е многу интересна задача во споредба со Месечината, иако таа се наоѓа само на три дена лет од Земјата.

“Не се сомневам дека во следните 100 години луѓето ќе живеат на Марс. За да се случи ова, ни требаат инвестиции, кои би ни дозволиле да ги подобриме нашите познавања како да се преживее во услови на вселенската радијација и од негативните промени на човечкиот организам, како да се бориме со недостатокот на животни важни ресурси надвор од границите на земјата”, истакнал професорот по гравитациона физика на Кембриџ Универзитетот.

Тој, исто така, изразил желба да лета во вселената: “Веројатно ќе имам шанса да летнам во вселената со “Virgin Galactic”, изјавил научникот.

Познато е дека тој бил “врзан” за инвалидска количка поради тешката и неизлечива болест, со која се борел од почетокот на 60-тите години – амиотрофична латерална склероза, која доведува до парализа и атрофија на мускулите. Физичарот до својата смрт комуницирал со надворешниот свет преку единствениот активен мускул на образот, а од него со посебен сензор до компјутерски синтетизатор на говор.

Хокинг починал во неговиот дом во Кембриџ утрото на 14 март 2018 г. според исказите на неговите деца.