Долгиот животен век во Јапонија се должи на една работа | Еве која …

174

Истражување покажа дека високиот животен век во Јапонија е поврзан со диета, објави британскиот весник “Индепендeнт”. Студијата ja проценува исхраната на десетици илјади мажи и жени.

Населението на островската држава, која има еднo од најниските нивоа на смртност во светот, се храни со диети со висока содржина на некои јаглехидрати, зеленчук, овошје, како и риба и месо.

Таквaта храна придонесува за диета со ниска содржина на заситени масти, преработена храна и со висока содржина на јаглехидрати, стекнати од ориз, така и зеленчук.

Десетина години подоцна, истражувачите од Националниот центар за здравство на глобално ниво и медицина во Токио истражуваат како храната влијае на смртноста во земјата.

Екипата ја анализира храната и начинот на живот на 36 624 мажи и 42920 жени на возраст меѓу 45 и 75, кои немале историја на рак, мозочен удар, срцеви или хронични заболувања на црниот дроб.

Учесниците биле следени во период од 15 години. Истражувачите утврдиле дека учесниците кои внимаваат на упатството за храна имале 15 проценти понизок процент на смртност и многу ретко добиваат мозочен удар или други кардиоваскуларни заболувања.

“Нашите резултати покажуваат дека балансираната исхрана со јаглехидрати, житарици, зеленчук, овошје, месо, риба, јајца, соја производи, млечни производи, кондиторски и алкохолни пијалоци може да придонесе за долговечност со намалување на ризикот од смрт”, се вели во заклучоците во студијата.

Џејмс Ди Николантонио, специјалист за кардиоваскуларни заболувања во Американскиот кардиолошки Институт “Сент Лук”, кој не учествувал во истражувањето, изјави за “Huffington Post”: “Можеме да научиме како да бидеме здрави од Јапонците, и тоа навистина се сведува на “потрошувачка на вистинска храна и вежби.

Тој додава дека комбинирањето на висококвалитетна храна со ниска содржина на заситени масти е особено важен.