Водолија и Девица
Овие два лика меѓу сите други хороскопски парови имаат најмали шанси да останат заедно. Тие си противречат во секој аспект на животот. Нивните интереси се различни, тие мислат различно, нивните потреби се различни, нивните соништа – исто. Општо земено, широко-скроениот сонувач од знак Водолија и ограничениот перфекционист од знак Девица нема каде да се состанат, ниту пак има со што да се импресионираат еден друг.
Овен и Скорпија
Споредбата меѓу Овен и Скорпија е како таа меѓу оган и вода. Тие не можат да преживеат заедно. Нивната врска може да биде страсна и луда, но порано или подоцна едниот ќе го уништи другиот. И двете ѕвездени знака се со напорен и надмоќен карактер, што е најголемиот проблем меѓу нив. Покрај тоа, претставниците на двата лика сметаат дека секогаш се прави во она што го прават, а другиот е со спротивно мислење.



















